Dissemination You Think-Eco Citizenship
December 31, 2018
ВОЛОНТЕР ВО СФЕРА МАКЕДОНИЈА
January 2, 2019

ПОВИК

ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАДВОРЕШНО ЛИЦЕ ЗА ПОЗИЦИЈА

ЕВС МЕНТОР

 

СФЕРА Македонија има потреба од ангажирање на надворешно лице за позиција ЕВС ментор за ефикасно и ефективно имплементирање на активностите од Проекти на Ерасмус + за локални активности.

 

Опис на работни задачи на ЕВС Ментор

 

  • Поддршка кон ЕВС волонтерите
  • Поддршка при интеграција на ЕВС волонтерите во локалната заедница
  • Поддршка при само-рефлексија на ЕВС волонтерот со зададени методи
  • Поддршка при подготовка и реализација на логистички активности од проектот
  • Подготовка на документи и барања од проектот
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот
  • Архивирање и сумирање на објави од социјалните медиуми за активностите на организацијата
  • Поддршка при конфликтни ситуации за време на проектот

 

Потребни знаења и вештини на кандидатите:

 

  • Искуство во подготовка и реализација на настани
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките
  • Одлични комуникациски вештини на говорен и пишан Англиски јазик
  • Познавање на работа со различни социјални медиуми
  • Флексибилен за приспособување и справување со млади од различни култури
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка
  • Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери
  • Мотивиран и заинтересиран за поддршка при учење
  • Вештини за мониторирање и советување, ќе се смета за предност

 

Услови за работа:

 

Позицијата е со работно време од 20 часа неделно. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци, со можност за продолжување.

 

Хонорар: 6,000 денари месечно

 

Рок и начин на пријавување:

 

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

– Кратка биографија (CV на македонски јазик);

– Мотивациско писмо на македонски јазик.

 

На електронската адреса info@sferamacedonia.org со наслов/назнака [име и презиме] Апликација за ЕВС Ментор

 

Рокот за поднесување на апликации е 11 Јануари 2019 година (петок), до 15:00 часот.

 

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на разговор во периодот од 14 до 16 Јануари, 2019 во СФЕРА. Се очекува селектираните лице да започне со работа најдоцна до 25 Јануари, 2019 година.

 

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. СФЕРА го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *